На YouTube се појави видео кое го покажува начинот на кој Колумбијците се движат од место до место. За да избегнат пешачење од неколку часа, луѓето решиле двете СЕЛА да ги поврзат со кабел долг околу 800. метри, кој се наоѓа на висина од 300. метри. Овој пат го поминуваат така што седнуваат на седиште, а потоа се спуштаат со сајла до дестинација оддалечена неколку стотици метри. Спуштањето трае околу 30. секунди, а на локалното население им спасува околу два до три часа пешачење.