3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Се зголемува притисокот од ковид пациенти во Кочанската болница. Во Штипската слободни се уште 10 кревети

Се зголемува притисокот од ковид пациенти во Кочанската болница.  Ковид одделението веќе е целосно полнето и таму слободни кревети нема:

Викендот имавме зголемен број на пациенти и сега бројот во Ковид одделението во општа болница Кочани е максимално пополнет. Бројот на хоспитализирани е 20 пациенти од кои 5 се со потешка клиничка слика изјави Александар Серафимов, дир. на Општа болница – Кочани

Нешто порелаксирана е ситуацијата во Модуларната болница во Штип, каде има уште 6 слобони места, а дополнително уште 4 кревети се празни и на Кожното одделение:

Во Модуларната болница има вкупно 40 пациенти, од кои дури 32-ца се на кислородна поддршка. На Кожното одделение се сместени 4-ца пациенти, информираат од Штипската болница.

Со ова, вкупно 64 пациенти се сместени во двете болници во Регионот. Од нив, со тешка клиничка слика и зависни од оксигенса терапија се 37. Двајца пациенти во текот на ноќта починаа. Еден на 70 годишна возраст од Штип и еден на 82 години од Македонска Каменица.

Во момантов, во општините од Истокот има 637 пациенти со потврдена инфекција од Ковид 19.  Најмногу инфицирани 212 има во Штип, а најмалку тројца во Пехчево.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles