4.4 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Повисоко ниво во работењето најавуваат реизбраните градоначалници на Делчево и Берово

Повисоко ниво во идниот период со раководење на општините најавуваат градоначалниците на Делчево и Берово. Иако главно тие велат дека се задоволни од начинот на работа и работењето на своите соработници сепак се постаро нема да остане:

„Веќе од наредниот понеделник ќе имаме нов колегиум за значително подобрување на отчетноста и одговорноста за сите барања на граѓаните“ изјави Звонко Пекевски, град. на о. Берово

Идентично на Делчево или Берово размислува и  Горан Трајковски, градоначалник на Делчево, кој е со следните намери:

Во периодот што следи, акцентот ќе го ставиме на подобрување на ефикасноста на сите општински служби и на ЈП „Брегалница“. Комуникацијата меѓу администрацијата и граѓаните, мора да се подобри изјави Горан Трајковски, град. на о. Делчево

Иако овие двајца градоначалници  сатисфакција за нивното работење добија со реизборот сепак за очекување беше дека движење и промени мора да се случуваат.

Како во иднина тие ќе ги менаџираат новите предизвици останува да се види, но во овие општини има многу работа која бара нов елан, нови сили и нов приод.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles