-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Расне интересот за пчеларство. Се зголемува и бројот на пчелни семејства

Расне интересот за пчеларство во Македонија. Само за последните четири години бројот на пчелни семејства е зголемен за над 60.000, а како нивни одгледувачи главно се јавуваат млади луѓе:

Да ги заштитиме пчелите, да го развиеме пчеларството и да стимулираме производство од најздравата намирница во светот, а тоа е медот. Пчелите го заслужуваат тоа, бидејќи според сите истражувања без нив нема живот. Пчеларството е еден од секторите во државава кои константно бележи тренд на зголемување. Но, сето ова не е доволно, потребни се нови конкретни чекори на светско ниво, особено пред заканата од климатските промени, сметам дека со поддршка од државата и добра развојна стратегија оваа гранка се повеќе ќе расте изјави Арјанит Хоџа, мин. за земјодлество

Додека во светски рамки, загадувањето и климатските промени се огромна закана за пчелите, Македонија, се уште има добри услови  за одгледување на пчели:

Македонија има извонредно добри природни услови за пчеларство и тоа кај вас е многу развиено. Со наша помош, со наши совети можеме да помогнеме пчеларството да се подигне на едно повисоко ниво, нагласи изјави Милан Предан, амбасадор на Словенија во Македонија

И покрај ова, во македонија, не се доволно искористени сите потенцијали за производство на мед, а технологијата е застарена.

Помош за надминување на ситуацијата нуди Словенија, каде пчеларството е едно од најважните дејности. Во оваа смисла, словенечкиот амбасадор нагласи дека ќе бидат на располагање за да ги поврзат стручните институциите, поединци од исти подрачја и пчеларски друштва од двете држави.

Во тие рамки, за утре во Кочани е најавено отворање на т.н. Традиционален словенечки пчеларник .

Инаку, според последните статистички податоци, во земјава се евидентирани над 4.135 пчелари и деловни субјекти кои одгледуваат 73.960 пчелни семејства или 2,8 кошници на квадратен километар, а годишно се произведуваат 688.000 килограми мед.

Македонскиот граѓанин троши само 0,5 килограми мед годишно во споредба со жителите на Словенија или Грција кои трошат 1,2, односно 1,6 килограми годишно по глава на жител.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles