Во рамките на Програмата за изградба на локални улици и патишта, заврши реконструкцијата на пешачка патека, спој на улица ,,Борис Кидрич” и ,,Димитар Влахов”. Изградена е патека со 136 м2 бехатон плочки, во должина од 55 метри а странично уреден е канал за одводнување. За реконструкција на пешачката патека, од Буџетот на Општина Берово, се инвестирани 255.000,00 денари.