19 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Расте интересот за трета доза вакцина. Проблем е како граѓаните да се убедат да се вакцинираат по првпат

Расте интересот за трета доза вакцина. Проблем е како граѓаните да се убедат да се вакцинираат по првпат. речиси во сите вакцинални пунктови во Регионот, бројот на оние кои се вакцинираат по третпат е најмалку тројно поголем од оние кои вакцина сакаат да примаат за првпат:

Има интерес за трета доза вакцина и дневно се вакцинираат од 200 до 300 граѓани, додека за трета доза вакцинацијата е намелена“ изјави Дијана Коцева Миланова, координатор за вакцинација – Штип

Идентична е состојбата и во Кочани:

До денес имаме вакцинирано околу 180 пацинти и интересот за трета е многу голем“ изјави Иле Постолов, координатор за вакцинација – Кочани

Според последните информации од Министерството за здравство, опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години:

Како што соопшти Министерството за здравство, заклучно со 26 октомври 2021 година вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани. Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерството.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles