14.7 C
New York
Thursday, September 21, 2023

Buy now

spot_img

Конзолите на Отиња во Штип итно ќе се изградат итно, а „Панче Караѓозов“ ќе биде асфалтирана за неколку дена


Сообраќајниот неред во Штип, доживува кулминација и потребно е ургентно решение. Во моментов, растеретување се предвидените конзоли над реката Отиња кои локалната власт сака да ги види најбргу што може:
Ова решение ќе обезбеди безбедност на сите а перспективно ќе обезбеди околу 150 нови паркинг локации без притоа да биде нарушен амбиентот и функционалноста на пешачкиот дел во коритото на Отиња, информираат од општина Штип.
Паралелно со конзолите , неодложно ќе биде асфалтирана и улицата „Панче Караѓозов, која во изминатиов период ги собра најлошите критики за претходната локлана власт. Сегашната вели дека ќе биде поинаку:
Денес направивме главна контрола на состојбата со улицата Панче Караѓозов. Утврдени се ситни проблеми кои за кратко време од неколку денови ќе бидат отстаранети, по што најдоцна за една недела очекуваме да се постави и првиот слој на асфалт, информираат од Општината.
Улицата Панче Караѓозов, според првичните предвидувања готова требаше да биде до средината на јуни, но оддолжувањето до очај засегна околу 10.000 жители кои истата секојдневно ја користат. Сега, доколку новата власт не сака репетиција на истите проблеми, прашањето со оваа улица мора итно да го затвори.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles