На пресот на градоначалникот Иван Јорданов во врска со долговите на ЈП „Исар“, со писмено соопштение реагираа од СДСМ. Во истото се вели:
ЈП ИСАР Штип во 2017 година го наследивме со долг од околу 12 милиони денари, заостаната плата кон вработените, неисплатено К15 за две години кон вработените поради кое претпријатието имаше огромни трошоци за поведените судски трошоци. Несервисирани рати од кредитот цели 7 години, нефункционални возила и непостоечка набавка за метли… Како резултат на добро менаџирање обезбедивме 6 нови возила, липкер, метачка и 650 нови контејнери. Изградивме најсовремена филтер станица во вредност од 5мил евра. Исплативме бројни заостанати обврски кон вработените, но и 2.5 мил денари по основ на тужби од нивниот управен одбор истиот тој кој го остави претпријатието во долгови. И покрај сите проблеми претпријатието 3 години покажува добивка и покрај намалената цена на водата.Градоначалникот Јорданов ја доби довербата за да ги решава проблемите. Така, почитувани, не се работи. Граѓаните очекуваат решавање на проблемите и нудење решенија, а не да наоѓаат за секој проблем свој дежурен кривец.