3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Текстилна фирма од Штип два месеца не дала плата, а имала и непријавени работници.

Вработените од штипска текстилна фирма, два месеца не добиле плата, а добар дел од нив на работа оделе и непријавени. Ова го констатирал трудовиот инспектор по вонредниот инспекциски надзор, направен по пријава од Здружението Гласен текстилец.

Во инспекцискиот извештај, меѓу другите се нотирани и следниве прекршувања на работничките права:

Работодавачот не исплатил бруто плата за месеците август и септември 2021 и не и се исплатени придонеси од плата за вработените, а исто така се пронајдени и непријавени работници без договори за вработување и не се пријавени во задолжително социјално здравствено осигурување, стои во Извештакот.

На фирмата, од страна на Инспекторатот и е издадено решение за за непријавени лица по чл.259 од Законот за работни односи, како и решение со изречена инспекциска мерка и со задолжување на оттстранување на неправилностите во даден законски рок.

Ова не е првпат, вонредни или редовни инспекциски контроли, да констатираат непријавени работници кои, освен што немаат пензиско и здравстено осигуривање, честопати дома си заминуваат и без плата. Заработеното, подоцна тие не можат да го наплатата ниту преку суд, поради што од Гласен текстилец апелираат.)

Работниците при засновање на работен однос се должни да потпишат договори за вработување и примерок од истиот му се дава на работникот. Доколку не се склучи договор за вработување и работникот не е уредно пријавен при надлежните институции, истиот нема соодветно покривање за неговото работење кај соодветниот работодавач и нема можност за наплата за неговата работа и вложениот труд, појаснуваат од Гласен текстилец.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles