13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Финансиска касапница се случувала во Исар. Во последните години се направени фатални долгови

Финансиска касапница се случувала во Исар од Штип во последните години , а долгови се трупале од сите страни. Некој од нив биле крајно непотребни и ирационални и доколку се продолжило на истиот начин тие веројатно ќе биле и фатални за претпријатието:

Овој долг е 220 милиони денари, од кои 150 милиони денари се на име на камата, а остантите се основниот долг. Во најкраток временски период се бара од Општината да плати рата од 7.395.000 денари.

– Доколку оваа обврска не ја исполниме во наредните неколку денови ќе има присилна наплата од страна на Министерството за финансии. Другото известување, коешто го добив во текот на овие неколку денови е од страна на добавувачот на електрична енергија на ЈП „Исар”, „Солар Про”, којшто ме информираше дека доколку во наредните неколку денови не биде подмирен долгот за доспеани, а неплатени месечни фактури за електрична енергија, за истото претпријатие ќе биде поднесено налог за исклучување на електричната енергија.– Крајно неодговоро и нечесно работење од страна на ЈП „Исар”. Но, она што уште повеќе загрижува е обврската што „Исар” ја има кон Министерството за финансии за земен кредит од ЕБОР, а што во изминатите четири години не е платена ниту една рата, вели Јорданов.

Штипското комунално претпријатие на „Солар Про” му должи 29 милиони денари, а според увидот во состојбата, претпријатието има обврка кон добавувачи и од дополнителни 60 милиони денари. Тоа се средства кои мора да се платат за набавка на цвеќиња, метларка и други материјали Изјави Јорданов

Освен овие Исар во последен момент од некои долгови е спасен откако поедини бизнисмени одбиле да соработуваат со претходните раководства на претпријатието бидејќи им се нуделе криминални предлози.

Од сите овие причини во моментот Исар на грбот има долг од  5 мил евра  што е еден од најголемите во историјата на неговото работење. Дали ова ќе значи дисфункционирање на активностите или новата локална власт ќе најде итни решенија останува да се види, но финасиската слика на ИСАР во моментот воопшто не е добра.

Инаку, колку за илустрација, вкупниот приход на Исар за плати и инвестиции  на годишно ниво изнесува 3,5 милиони евра, што значи дека Претпријатието е заглавено со пари кои се еквивалент на негово едноиполгодишно нормално работење.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles