Вечерва на полноќ завршува изборната кампања. Од утре, се гласа за градоначалник во Кочани, Пробиштип, Пехчево, Чешиново Облешево и Македонска Каменица . Први ливчињата ќе ги заокружат болните и лицата кои се во изолација поради Кови 19.
Вкупно, во сите пет општини ќе гласаат 704 лице од кои 661 се болни и немоќни, додека 43-ца се во изолација.
Иако изборот на нова локалана власт во Штип, заврши, гласање утре сепак ќе има и овде, но само за лицата кои се од други општини, а се на извршување казна затвор овде.
Во сите пет општини во регионот, вкупно со право на глас се 61.714 граѓани. За иден градоначалник, тие треба да се одлучат за следниве кандидати:
За Пробиштип: Драган Анастасвов од СДСМ и Маријан Миленковски од ВМРО ДПМНЕ.
За Кочани: Николчо Илијев од СДСМ и Љупчо Папазов од ВМРО ДПМНЕ.
За М.Каменица: Соња Стаменкова од СДСМ и Димчо Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ:
За Пехчево: Славчо Пандурски од СДСМ и Александар Китански од ВМРО ДПМНЕ
За чешиново Облешево меѓу Далибор Ангелов од ВМРО ДПМНЕ и Горанчо Крстев од СДСМ.