Кошаркарите на Соколи 1933 од Штип утре на домашен терен ја пречекуваат екипата на Струмица каде штипската екипа очекува уште една победа во низа односно трета по ред. Во богатиот спортски викенд на домашен терен машката одбојкарска екипа на УГД ќе има тешка задача против екипата на Јанта Волеј , додека женската одбојкарака екипа на УГД очекува победа на гости со Ускана. Освен кошарка и одбојка утре ќе се одиграат и натпреварите од втората фудбалска лига Исток како и натпреварите од втората Футсал лига.