-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Голем гест на делчевскиот советник Иван Гоцевски. Шест советнички паушали ќе донира во хуманитарни цели

Голем гест на делчевскиот советник Иван Гоцевски. Сите советнички паушал   до еден,  ќе ги донира во хуманитарни цели, главно на деца од семејства во социјален ризик.

За советничкиот мандат  во Делчевскиот Совет, Иван  Гоцевски го следува месечен паушал од околу 15.000 денари и тој уште отсега точно знае каде овие пари ќе ги троши:

-Првиот без исклучок ќе биде за моите и децата на моите другари од детството. Тука на тријаголнико пред мене ќе создадеме катче за дечињата од моето маало!-Вториот ќе биде за Дневниот центар за деца со посебни потреби од Делчево.Третиот за детската градинка “Весели цветови” од Делчево. Четвртиот и петиот за двете основни општински училишта во Делчево. “Климент Охридски” и “Ванчо Прќе”.Шестиот за младите категории за ФК Брегалница. Седмиот, од мои лични средства, за потребите на децата од некое од Делчевските села. изјави Иван Гоцевски, советник од ВМРО ДПМНЕ во СО – Делчево

Дополнително на секои шест месеци ќе донира износ рамен на еден советнички паушал за децата на некое Делчевско село.

Гоцевски засега е единствен ваков пример во седум советнички мандати во  сите  општини од регионот. Досега имало поединечни донации, но само  еднократно и на дел од паушалите. Никогаш повеќекратно и на целокупната сума.

Гоцевски е оптимист, дека неговиот пример ќе го следат и другите советници, не само од делчевскиот, туку и од останатите совети од регионот.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles