Од 384 потврдени случаи на делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата. Двата случаја се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина. Според светските медиуми, делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се регистрирани и во Данска, Германија, САД, Израел и Русија.