Општинската изборна комисија денес им ги додели уверенијата на новоизбраните членови на Штипскиот совет. Истиот е го сочинуваат 13 советници од ВМРО ДПМНЕ, 9 од СДСМ и еден од Левица.
Сите до еден, пред граѓаните ветуваат чесна и пред се’ натпартиска работа
Меѓу новоизбраните советници некои во советничките клупи ќе седнат за првпат, додека на Зоран Костовски од коалицијата на СДСМ, ова му е петти мандат и како советник има поминато цели 17 години.
Успешна и плодна работа на новите советници им посака и градоначалникот Иван Јорданов.
Денес советниицте ги добија уверенијата, но мандатот официјално ќе им започне со конституирањето на Советот , што најверојатно ќе се случи идната недела.
Најмалку двајца од сегашниот актуелен состав на о. Штип, ќе треба да бираат дали ќе останат советници и ќе се откажат од директорските функции кои моментално ги извршуваат, или истите ќе ги заменат со мандат во советот.
Имено, според Законот за локална самоуправа, функциите директор и советник се неспоиви.