13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Короната го засилува темпото. Во Штип и Кочани бројот на пациентите се зголемува

Короната оди напред и го засилува чекорот . Бројот на пациентите со хоспитален третман е зголемен во КБ Штип но и во Ковид одделението во кочанската болница

50 пациенти од денес има на Инфектинното  и  6 на кожното одделение. примени се нови 9 пациенти а лекувањето е завршено кај 1 пациент а на кислородна поддршка се 37 лица. Со смрт се соочија две лица на 66 од Штип и едно лице на 46 годишна возрст од Кочани. вели извештајот од КБ Штип

Во одделението во Кочанската болница за разлика од вчера 3? кревети се потполнети повеќе па сега ситуацијата е следната

Во последното деноноќие се примени двајца нови пациенти а вкупно се хоспитализирани 18“ изјави Александар  Серафимов, дир. на Општа болница – Кочани

Паралелно тече вакцинирањето со трета доза а интересот за неа во Штип е следниот:

„Имаме интерес во последните неколку дена за вакцинирање со трета доза и вкупно се вакцинираат по 200 пациенти на ден“ изјави Дијана Коцева Миланова, координатор за вакцинација

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целокупната  популација во Државата е вакцинирана.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles