19- годишник од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение пријавил дека бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В.од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичката партија.
Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.