3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Вториот круг ја комплетираше изборната слика. Со 9 општини ќе менаџира ВМРО ДПМНЕ, а со три СДСМ

Вториот круг ја комплетираше изборната слика. Со 9 општини ќе менаџира ВМРО ДПМНЕ,  а со три СДСМ. На резултатскиот исход, му претходеа рурински, но и драматично неизвесни победи, какви што на изборите досега немало.

Така, според Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за Кочани Љупчо Папазов до победата стигна со само 16 гласови повеќе. За него гласаа 8.697 гласачи, а за кандидатот на СДСМ Николчо Илијев 8.681.

Иако извојува победа изразена со 311 гласови повеќе, Драган Анастасов во Пробиштип синоќа минуваше низ тунелот на неизвесноста.

Во Пехчево, сведочевме на гласачки пресврт, бидејќи новиот градонаќалник Александар Китански минусот го претвори во плус и со освоени 1.499 гласови, влезе во градоначалниќкиот кабинет.

Прераспределба на гласачката волја  од Првиот круг имаше и во Македонска Каменица, каде Димчо Атанасовски со 2.228 гласови, наспроти 1.865 на Соња Стаменкова ја замени на првата позиција во Општината.

За разлика од останатите општини, рутинска и сигурна победа во Вториот круг однесе Далибор Ангелов  во Чешиново Облешево:

Во однос на советите во овиа општини, состојбата може да се окарактеризира како сложена и з ауспешна и креативна соработка, ќе биде потребно многу волја и искрена желба, зашто стабилно мнозинство нема ниту една партија.

Така, распоредот на советничките мандати  е следен:

Во Кочани СДСМ и ВМРО имаат по 8 советници, а по еден имаат Левица, ДОМ/ЛДП и независниот Венко Крстевски.

Во Пробиштип, СДСМ и ВМРО поделија по 7 советнички места, а едно, но можеби одлучувачкото , освои независниот Денис Тодоровски.

Пехчево е со 5 советници од ВМРО, 4-ца од СДСМ и двајца од независната листа на Виолета Ѓеорѓиевска.

Во Македонска Каменица ВМРО и СДСМ имаат по 4 советници, и тројца независни. Двајца од листата на Дарко Гоцевски и еден од листата на Слободан велиновски.

Во Чешиново Облешево ВМРО има  5 советници, СДСМ тројца, ЛДП/ДОМ двајца и еден независниот Франческо Наков.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles