Во организација на Планинарско спортскиот клуб Голак, се одржа младински планинарски камп на планините Влаина и Средна. Во склоп на истиот беа посетени првиот уреден палеонтолошки локалитет СТАМЕР и природната реткост Истевнички Кукуље. Ова е веќе 7-ма година како ПСК ГОЛАК, организира вакви еднодневни или повеќедневни младински кампови на некоја од 5-те планини кои се наоѓаат на територијата на Општина Делчево