-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

710 поранешни функционери ќе добијат казни затоа што не поднеле анкетен лист

Државната комисија за спречување на корупција утврди 710 случаи на лица кои во предвидениот законски рок од 30 дена по престанокот на нивната функција до антикоруционерите не поднеле анкетен лист, поради што ќе им биде изготвен прекршочен налог. До бројката на поранешни функционери ДКСК дојде по увидот во годинешните изјаднија на Службен весник во делот на избори – именувања и во сопствената евиденција.

Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, ќе бидат поднесени прекршочни платни налози по член 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Ова значи дека се работи по сите овие предмети, се обезбедуваат податоци онаму каде што недостасуваат, имајќи предвид дека во Служебен весник има податоци само за име и презиме, нема матични броеви, така што за сите овие лица ќе им се изработат платни налози, односно ќе започне прекршочна постпака понатаму доколку не ги платат платните налози“, рече Ивановска.

Таа нагласи дека како ќе бидат завршувани предметите, така ќе бидат и објавувани.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles