13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Опозицијата ја чека оставката на Заев во Парламентот. Потоа ќе се обиде да прави ново мнозинство или ќе бара нови избори

Опозицијата ја чека писмената оставка на премиерот Зоран Заев во Парламентот. Откако ќе ја добие, дури потоа ќе одлучува за следните чекори, односно ново парламентарно мнозинство или барање на предвемени парламентарни избори.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, никола Мицевски, сега време за славење не е, зашто состојбата во Државата била сериозна:

Состојбата е многу сериозна во државата. И ние ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство имајќи ги предвид сите предизвици пред коишто се соочува државата и граѓаните во нашава држава. Но, доколку не успееме во сите тие напори најдобро би било да има нови предвремени парламентарни избори бидејќи оваа Влада, ова мнозинство го изгубија политичкиот легитимитет и народот ја испорача фактурата која што требаше да ја испорача, рече Мицевски.

По поразот на локалните избори, доцна синоќа на прес конференција премиерот Заев најави дека се повлекува и од премиерската функција и од челното место во Партијата.

Според член 219 од Деловникот на Собранието, „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles