Советот на општина Зрновци ја одржа првата конститутивна седница, со што и официјално започна мандатот на новиот советнички состав, а за претседател е избран Виктор Анакиев од коалицијата „Обнова на Македонија“.
: По верификацијата на мандатите и по изборот на претседател, ги формиравме комисиите што се неопходни за полноправно функционирање. Тоа значи дека веќе од наредната седница ќе можеме да носиме одлуки и да дејствуваме во интерес на граѓаните на општина Зрновци, истакна Анакиев.
Советот на општина Зрновци брои 9 членови од кои 5 се од ВМРО ДПМНЕ, тројца од СДСМ и еден од ДОМ/ЛДП.