13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Корона скринингот во училиштата досега не пронајде позитивни ученици

Корона скринингот во основните и средни училишта во регионот, досега не пронајде позитивни ученици. Резултатите на сите  досега тестирани ученици се негативни:

Во ОУ Вано Прке во Штип заврши скринингот на 33 ученици кои за кои имавме и родителска согласност за извршување на скринингот. Сите 33 ученика се негативни“ изјави Методи Папаров, дир. на ОУ „В.Прке “ – Штип

Во текот на денешниот и утрешниот ден треба да заврши и скринингот на учениците во средните училишта:

„Денеска и утре треба да ги завршиме и средните училишта со тоа што ќе го комплетираме скринингот“ изјави Јасмина Саздова, Центар за јавно здравје – Штип

Идентична е и состојбата во останатите општини во Регионот, каде по завршување на скринингот, присуство на ковид 19 не е потврдено кај ниту еден од тестираните ученици:

„Во Гиманзијата Наум Наумовски Борче во Пробишти скринингот на учениците веќе заври каде што беа тестирани 12 ученика и сите беа негативни“ изјави Снежана Насевска, дир. на СОУ „ Н.Н. Борче“ – Пробиштип

На ниво на држава , направени се над 8.000 т.н. брзи антигенски тестови во училиштата и досега сите тестирани ученици беа негативни.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles