14.7 C
New York
Thursday, September 21, 2023

Buy now

spot_img

МНР е изненадено . Од Левица бара да го прифати уставното име Република Северна Македонија

МНР е изненадена од гестот на советниците на партијата Левица кои свечената заклетва во Штипскиот совет ја дадоа под името Република Македонија, наместо со сега уставното  Република Северна Македонија. Во врска со ова, од МНР е испратена и реакција во која се вели:

„Министерството за надворешни работи, следејќи ги ваквите појави по завршувањето на локалните избори и при конституирањето на определени совети во општините, повикува на доследна примена на уставните одредби во согласност со Преспанскиот договор, имајќи предвид дека непочитувањето на Уставот и на ратификуваните меѓународни договори сериозно го нарушува меѓународниот углед на државата и го поткопува правниот поредок на Република Северна Македонија. Се повикува Министерството за локална самоуправа да реагира согласно надлежностите на овој ресор“, реагира министерството.

Оваа реакција на Надворешни, не ја загрижува Партијата од каде изјавија:

„Овде нема ништо спорно но, ќе потенцирам дека тие немаат право да се мешат во работата на Локалната самоуправа. За тоа дека не им држат аргументите за наводно кршење на Уставот има повеќе причини бидејќи самото насилно менување на името од почеток до крај беше прекрашување на Уставот, Референдумот беше неуспешен и од тука гласи дека Законот за Локална самоуправа не е сменет и таму стои Репубила Македонија“ изјави Сенада Ибраимова, советник од Левица

Освен советникот од Левица Санела , свечената заклетва со старото име Република Македонија ја потврдија и советниците од ВМРО ДПМНЕ. Нешто  кое беше причина за напуштање на седницата од страна на советниците од СДСМ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles