Претставници на независниот синдикат на пожарникарите започнуваат разговори за повисоки плати на пожарникарите во целата држава, согласно законските предвидувања. Најновата иницијатива тие ја започнаа од Штип, каде денес има средба со градоначалникот Иван Јорданов:
„Пожарникарот треба да зима 20% поголема плата од општинската администрација и непочитување на членот 13 и нормално дека и со тоа не сме задоволни како синдикат“ изјави Тони Бошковски, прет. на НСПМ
Втор голем проблем со кој се соочуваат пожарникарите е старата личлна, заштитна , опрема:
„ Во многу делови од единиците се користи опрема која е донација или веќе е носена“ изјави Тони Бошковски, прет. на НСПМ
Според штипскиот градоначалник Јорданов, за пожарникарите треба многу нешто да се направи, бидејќи освен платите проблем е и опремата, но и возниот парк кој има недопустиво голема просечна старост:
„Да ги почитуваме законските обврски да го усогласиме бодот. Во најава е ново противпожарно возило преку ИПА фондовите ноои на нова опрема“ изјави Иван Јорданов, градоначалник на о. Штип)
Освен ова, ефикасноста на противпожарните единици е условена и од организациската поставеност која сега е застарена и недоволно функционална. Оттука, се размислува за регионално координирање на овие служби , како и формирање на доброволни пожарникарски друштва:
Крунски доказ за неефикасноста и некоординираноста се последните пожари во Малешевијата и Пијинецот, кога пожарникарите даваа се од себе, а сепак ефектот од нивниот ангажман не беше на ниво на проблемот.
Колку работата на оваа служба е важна зборува фактот што годишно, пожарникарите во Источниот регион се соочуваат со повеќе од 1.000 интервенции од кои една третина се во затворен простор, што за нив е голем ризик.