Осигуреници наплатија 35.163 штети од осигурителните компании во првите шест месеци годинава. Тоа е за 15 отсто поголем број на исплатени штети за неживотно осигурување во однос на истиот период лани. Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни компании за неживотно осигурување на осигуреници исплатиле вкупен износ на штети од 31,5 милиони евра. Тоа е 20 отсто повеќе од првите шест месеци во 2020 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето