Шефот на колумбиската полиција Хорхе Луис Варгас изјави дека еден од петте главни сојузници на наркокартелот Клан дел Голфо е балканската мафија. Тој наведе дека дрогата од Колумбија и од Централна Америка со бродски контејнери е транспортирана до Холандија и до Шпанија, а потоа по копно до Балканот. Ова злосторничка организација има пет главни сојузници за шверц на кокаин ширум светот.