6.7 C
New York
Wednesday, December 1, 2021

Buy now

spot_img

По лавината гневни реакции, Општината силно го притисна операторот за оддржување на уличното осветлување во Штип.

Силните граѓански реакции ги притиснаа надлежните од општината,а овие притисокот веднаш го пренесоа на операторот задолжен за оддржување на уличното осветлување во Штип. Епилог е најавата  дека одговорната – ИЦС Системи – Дебарца,  светилките во Штип ќе ѓи менува и активира уште од утре.

Ќе бидат санирани сите проблеми кои ќе бидат пријавени, а до петок ќе биде оптворен и посебен телефонски број кој ќе биде залепен на секоја бандера ос страна на економскиот оператор“ изјави Игор Ефтимов – директор на ЈП Стипион

На Паркинг блокаторите ќе им претходи предупредување 

Значајна новина и добра вест за граѓаните е и намерата од утре ЈП Стипион да биде значајно потолерантен кон возачите кои навреме не ја платиле паркинг такстата.

„На секое возило кое нема да има платено паркинг место или е лошо паркирано најпрвин ќе биде предупредено односно ќе има опомена во рок од 15 минути да го тргне возилото или да плати паркин место. Доколку не се псотапи по ова следува блокирање на возилото“ изјави Игор Ефтимов – директор на ЈП Стипион

Во иднина ЈП Стипион предвидува интензивна соработка со граѓаните во врска со сите нивни комунални проблеми кои се во надлежност на претпријатието поради што веќе постои нова Фејсбук страница каде граѓаните на дневна база можат да ги пријавуваат евентуалните проблеми.      

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,041FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles