Штип има огромен проблем со уличното осветлување и речиси нема дел од градот, каде што во вечерните часови светлина има доволно. Граѓанските реакции предолго не ги слуша никој, а сега нивна нова надеж е новата локална власт.
Имаме проблем со уличното осветлување и тоа треба да се реши ние пријавуваме цело време…. Конкретно на нашата улица ратко Јовановиќ во населбата Баби немаме улично и живееме го голема темница“ изјавија анкетираните граѓани
Задолжен за вечерната светлина во Штип е економскиот оператор ИЦС Системи – Дебарца, кој во наредните 15 години треба да го одржува уличното осветлување во Општината.
За новиот градоначалник Иван Јорданов, проблемот е реален и бара итно решавање:
„Реално има проблем со уличното осветлување ние направивеме состанок со економскиот оператор и од моја страна му беше укажано редовно да ги сервисира потребата од осветлување и да се придржува на овој договор, доколку не е случај имаме правна обврска да го раскинеме овој договор“ изјави Иван Јорданов-градоначалник на о. Штип
Според планот за улично осветлување на штипјани навечер треба да им светат 5.500 улични светилки, но од нив исправни се едвај половината . Зошто на градот ова му се случува , граѓаните заслужуваат вистински одговор.