3.8 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Асфалтирани три улици во приградската населба Караорман. Градоначалникот Јорданов го најави проектот Штип без кал.

Денес беа асфалтирани  три улици во штипската приградска населба Караорман со цел, да се создадат услови за нормално функционирање и живеење на жителите од оваа наелба.

При денешниот увид Градоначалникот  Јорданов го најави и  проектот Штип без кал кој ќе започне во наредната градежна сезона:

Овде започнуваме со изградба на три улици со вкупна вредност од 2 милиони денари од буџетот на о.Штип. Во текопт на наредната сезона же почнеме со проектот Штип без кал“ Изјава Иван Јорданов-градоначалник на о.Штип

Жителите од оваа населба задоволни што конечно нема да газат во кал, а реконструкцијата на улиците ќе им помогне во извршувањето на секојдевните обврски.

Наскоро асфалт на ул. Личка

Освен асфалтирањето во населбата Караорман, градоначалникот Јорданов најави дека при крај се градежните активности на улицата Личка:

Таму се завршени активностите на јавните претпријатија и денес очекувам дека ќе се поставиу првиот асфалтен слој„ изјави Иван Јорданов-градоначалник на о. Штип

Освен улиците во Карорман и Личка вчера нов асфалт доби и улицата Панче Караѓозов, а градоначалникот Јорданов најави и завршување на градежните работи на улици во населба Железничка и Суитлак.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles