Веке 5 месеци Градската депонија на Виница кај селото Лески постојано гори а жителите се гушат, реагираа гледачи на ТВ Стар.
Ниту комуналното претпријатие ниту противпожарните служби во овој период досега не реагирале и поради тоа проблемот е активен. Тоа е и причина што летово депонијата предизвика пожар кој на нас овдешните жители ни донесе дополнителни проблеми, стои в реакцијата на гледачот на ТВ Стар.
Неодговорниот однос кон околината и пред се кон жителите од Лески нема да продолжи и прблемот ке се елиминиран, дециден беше денес во телефонски разговор градоначалникот Миле Петков.
Освен Виница, проблеми со депониите има и во другите општини од регионот но тие засега се решваат инциденто. Се чека почеток на нивно отстранување согласно Одлуката на Министертството за екологија спотед која од Регионот треба да се остранат12 депонии и 73 ѓубришта, пред со рабта да започне централната депонија кај Свети Николе.