40 македонски пожарникари ќе бидат дел од т.н. Програма „Берово“ која опфаќа нивна обука во Словенија и набавка на противпожарникарска опрема. Ова е договорено на заедничка средба на македонската министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и нејзиниот словенечко колега Матеј Тонин.
Заедничките проекти што ги работиме, како што е програмата “Берово” се многу позначајни бидејќи се практична демонстрација на соработката а не само потпишување документи, истакна на средбата министерката Шекеринска.
Инаку програмата е наречана по општината која беше најтешко погодена од летните шумски пожари и каде директно беа ангажирани словенечки пожарникари и опрема.
Уште тогаш, беше најавено дека во обуката ќе бидат вклучени и беровски пожарникари:
Обуката е замислена да се одвива во фази и би требало да продолжи и во наредните години.