-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Тежок инцидент во Центарот за социјални работи. Имало напади со нож и пукање

Тежок инцидент  се случил во Центарот за социјални работи. 45-годишен жител на село Облешево, најнапред бил насилен и крајно агресивен кон вработени во Центарот, а потоа со нож се обидел да  нападне и  полицаец.

Во заштита на својот и животот на вработените, полицаецот бил принуден да испука  еден предупредувачки куршум во воздух

За среќа во целиот инцидент немаме повредени лица. Работиме на комплетирање на случајот, по што против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Семејно насилство во Св. Николе

57-годишен жител на Кочани, пак, заврши во полициска станица, по пријава од неговата сопруга за физичко насилство. Инцидентот се случил во семејниот дом , а жтвата е жена на возраст од 45 години. Околностите кои довеле до насилството и последиците од него се документираат, по што против сопругот ќе биде поднесена пријава.

Светиниколец повреден на работа

Во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 01.45 часот во фабрика во Свети Николе, П.К. на возраст од 29 години  се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи. За случајот се запознаени државен инспектор за труд и Јавен обвинител.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles