Словенечката Влада, во обид да го ограничи брзиот раст на епидемијата, ноќеска усвои голем број нови рестриктивни мерки, но не се одлучи за заклучување, како што препорачаа некои експерти од здравството, чии капацитети за пациентите со Ковид-19 се на работ на издржливост. Новите мерки стапуваат на сила од понеделник, а меѓудругото опфаќаат скратување на работата на кафеаната и забрана за собирање луѓе кои не се членови на исто домаќинство.