Во Берово, ангажирани се дополнителни 15 лица, во проектот ,,За почисто Берово”. Проектот вклучува уредување на тревни површини и паркови, чистење на речното корито на Брегалница и каналите, чистење на централното градско подрачје, средување на диви депонии, уредување на велосипедско пешачка патека. Во рамките на проектот ангажарани се вкупно 35 невработени лица, социјално ранливи категории со ниски квалификации, кои за работниот ангажман, добиваат надомест од 400,00 денари дневно, за 4 часовен ангажман.