2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

Стандардот и економијата се чекор напред чекор назад. Македонија е шеста најсиромашна држава во Европа

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа од листата на 10-те најсиромашни изнесува светскиот алманах World Population Review.

Македонија со години безуспешно се бори да излезе од стегите на сиромаштијата, но сите правни, економски и други реформи, до крај никогаш не успеваат . Оттука, после првиот чекор напред, редовно се прави чекор назад, поради што наша судбина засега е живот во групата на најсиромашните.

После нас се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора, а на врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.

Земјите од Источна Европа, особено оние кои беа значително погодени по падот на Советскиот Сојуз се меѓу најсиромашните и денес“, пишува во алманахот во кој се објаснува дека Бруто домашниот производ е една од најважните метрики што се користи за мерење на економското богатство на една земја.

Во делот за Македонија, алманахот World Population Review пишува дека земјава од 1991 година Македонија претрпе драматични економски промени и постепено ја подобруваше својата економија. Трговијата сочинува околу 90% од БДП на земјата.

И покрај успешно спроведените политики од властите, Македонија сè уште има висока стапка на невработеност – 16,6%. Во 2020 година БДП по глава на жител во Македонија изнесуваше 5.888 американски долари.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles