Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов на кога пред два дена му слоши на прес конференција е позитивен на Ковид 19 и тој денес бил на испитувања во Клиничката болница во Штип. Папазов, решението за избор на градоначалник го доби вчера, кога и беше извршено примопредавањето на функцијата.
Во тек е епидемиолошка анкета за контактите на градоначалникот Папазов, но според протоколот на Институтот за јавно здравје, контактите на заболените со ковид кои примиле две дози вакцина не одат во изолација.