17.4 C
New York
Sunday, September 25, 2022

Buy now

spot_img

Приведен крадец од Свети Николе, расчистени 7 кривични дела

Полицијата расчисти 7 тешки кражби направени на подрачјето на Свети Николе. Како одговорен за нив е идентификуван 33-годишен жител од истата општина со иницијали А.Б.

За лицето А.Б. има основани сомненија дека во претходниот период од куќи на подрачјето на Свети Николе извршил седум кривични дела „тешка кражба“, при што одземал разни предмети.  Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани, информираат од СВР – Штип.

Се работи на целосно документирање на случаите, по што против А.Б. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles