Граѓаните кои се пријавиле на сајтот вакцинација.мк деновиве треба да добијат СМС порака со инфоремации за точното време и место за прием на вакцината против грип:
Пристигнаа 40 000 четириваленти вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата ќе почне в петок, а СМС пораки ќе почнат да добиваат граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk . Ова е четврта година по ред како обезбедуваме бесплатна вакцинација за хронично болните, граѓаните над 65 – годишна возраст, бремените жени, децата и здравствените работници изјави Венко Филипче, мин. за здравтво