20.2 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Водата за пиење во три винички села е неисправна

Ново бактериолошко загадување и физичко-хемиска неисправност на водата за пиење од локалните водоводи во три рурални населени места во општина Виница утврдил Центарот за јавно здравје од Кочани.

Резултатите од земените примероци во селата Трстија и Трсино покажале зголемена потрошувачка на калиум перманганат, поради што неопходна е претходна преработка и дезинфекција на водата за да може да се користи за пиење. Микробиолошките тестирања на примероците од вода во селото Градец потврдиле зголемено присуство на бактерии, поради што се препорачува забрана за нејзино користење.

– При анализите на физичко-хемиските својства на водата во двете населени места утврдено е отстапување на параметрите од законските и стручни прописи, поради што е неопходно таложење, флокулација, коагулација и филтрирање. Кај водата од фонтана на јавниот водовод во Градец е констатирано зголемено присуство на колиформни бактерии, потоа поголем број бакетрии на 36 степени Целзиусови на еден милилитар, како и присуство на бактерија псеудомонас аеругиноза. Поради тоа водата не треба да се користи за пиење, за лична хигиена и за миење овошје и зеленчук, а надлежните во локалната самоуправа да постават табла со натпис за жителите и посетителите дека таа не е безбедна за употреба, се истакнува во извештајот од Центарот за јавно здравје во Кочани.

Испитувањето на примероците од локалните водоводи во селата Калиманци, Кршла, Крушево, Драгобраште, Пеклани и Истибања покажале задоволителни физичко-хемиски и бактериолошки резултати.

Од Центарот за јавно здравје се доставени писмени препораки до Општина Виница дека кај сите селски водоводи е неопходна редовна дезинфекција.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles