2.9 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Синдикатот не го интересира политика. За минималната плата и неработна недела дава рок од 30 дена. Во спротивно следува генерален штрајк

Синдикатот не го интересира актуелната политичка состојба во Државата и бара итно решение за усвојување на договорените законски измени кои се однесуваат на работничките права.

Со оглед на тоа што се поминати сите рокови кои беа договорени помеѓу социјалните партнери за усвојување на Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи во делот на прогласување на недела за ден на неделен одмор кој според нас не оправдано е заглавен во Собраниската комисија за труд и социјална политика, сметаме свесно дека се прави штета на огромен број на работници, се вели во соопштението од Синдикатот.

За минималната плата и неработна недела Синдикатот на Владата и дава рок од еден месец. Во спротивно , следува генерален штрајк.

Имајќи предвид дека овие барања на работниците подолг временски период се игнорираат од надлежните министерства, пратеници, а беа ветени од страна на Владата, доколку не бидат исполнети во рок од 30 дена, синдикатите здружени во ССМ ќе спроведуваат постапки во нивните органи и тела, врз основа на одлуките на ССМ што ќе бидат донесени во наредните денови. Ќе бидеме принудени да застанеме рамо до рамо со работниците на генерален штрајк изјави Љупчо Радовски, ССМ

Дополнително, во ССМ  е донесена Одлука веднаш да продолжат  преговорите со Организацијата на работодавачи и да се склучи Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles