-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Зад стабилнен стандард, застанува и Организацијата на потрошувачи. Владата да обезбеди достапни цени на основните артикли

Организацијата на потрошувачи повикува да се преземат итни мерки за да се стопира енормното темпо на поскапување на основните животни производи. Според Организацијата сега е вистински момент да се реагира и да се заштити животниот стандард:

Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните изјави Маријана Лончар, прет. на Орг. на потрошувачи

Претходно, идентична загриженост поради скокот на цените промовираше и Синдикатот, бидејќи најсиромашните општествени слоеви кризата во надоаѓање веќе ја чувствуваат.

Владата да ја контролира ценатат на струјата за домаќинствата и итно да се прошири опфатот на лица потрошувачи на електрична енергија кои ќе бидат субвенционирани. Во кругот на помогнати да бидат и пензионерите со ниски пензии,самохрани родители и други, се зазеде Синдикатот.

Најавените покачувања , секојдневно веќе се случуват и практично сите производи се со потенцијална можност да имаат повиски цени.

Од друга страна, загриженоста е силно присутна и во бизнис секторот, бидејќи намалената куповна моќ за нив ќе биде најголемиот проблем:

Неизвесно е дали со наплатените производи и услуги ќе може да се набават нови суровини или да се платат услугите, бидејќи енегретската криза е основа за рас на сите цени, објаснува Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи.

Колку бргу, економијата покажува несакани правци, сведочи статистиката која веднаш пресмета дека трошоците за живот во минатиот месец се за 4,1 % повисоки од лани. Само храната е поскапена за 4,6 %; транспортот за 18, а горивата за над 30 %.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles