3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Почна вакцинацијата против сезонски грип. Интересот во регионот голем

Почна вакцинацијата со бесплатна вакцина против сезонски грип во регионот. Хронично болни лица , бремени  жени,  и мали деца од 6 месеци до 5 години преку претходно закажан термин се приоритетна група на граѓани кои се вакцинираат.

Од комитетот за имунизација се со препорака дека во исто време граѓаните може да се вакцинираат против сезонски грип и против Коронавирусот:

Освен во Штип вакцинирање против сеознки грип започна и во останатите здравстбвени домови во регионот а голема заинтересираност има во Кочани каде се отворени два пункта:

На првиот ден од имунизацијата се пријавиле над 200 лица од приоритетните групи.  Нема проблеми и застој во вакцинирањето, а во случај некој од пријавените граѓани да го пропушти терминот за кој добил известување со смс-порака, тогаш вакцината може да ја прими во наредните седум дена, истакна Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

Освен во Кочани, од утринава се отворени и пунктовите за вакцинирање во соседните општини Виница, Берово и Делчево, каде интересот исто така е голем.

Освен бесплатното вакцинирање против сезонски грип од понеделник ќе започнат и комерцијалните вакцини кои ќе наплаќаат по 800 денари. На ниво на држава, набавени се 40.000 четириваленти вакцини наменети за приоритетните групи и уште дополнителни 11.000 комерцијални вакцини. 

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles