Пехчевец заработи пријава од полицијата зашто на лов, тргнал со полна ловечка опрема и оружје, но без дозвола. контролата него го пресретнала низ ловиштата во општината . Со себе, тој имал ловечка пушка „ИЖ – 27“ калибар 12 мм и 7 ловни патрони за кои не поседувал дозвола. Пушката и патроните биле одземени и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против ловџијата со иницијали Е.А. на возраст од 31 година ќе биде поднесена соодветна пријава.