3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Законот за неработна недела е заглавен, признава министерката Шахпаска, а синдикалниот часовник им одбројува 30 дена на пратениците

Законот за неработна недела, но и неколку измени кои се однесуваат на подобри услови за работниците  е заглавен во Парламентот, потврди и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска:

– До Министерството за труд и социјална политика секојдневно пристигнуваат прашања, кога ќе стапи во сила ова законско решение, од синдикатите исто така. Станува збор за едно законско решение за кое што ние заедно со социјалните партнери во Економско социјалниот совет, го преговаравме преку јавни и широки дебати во општеството, почнувајќи од декември минатата година досега и е усогласено меѓу социјалните партнери,изјави  Јагода Шахпаска, мин. за труд и социјална политика

Токму ова Синдикатот го принуди на ултимативен став кој беше изнесен деновиве , а во кој се порачува

На пратениците им даваме рок од 30 дена Законот за неработна недела да го изгласаат. Во спротивно, синдикатите излегуваат на голем протест, се заканија од Синдикатот.

Сепак, освен овој , предвидени се измени и носење на нови закони во интерес на работниците, а кои се во согласност со европската законска регулатива.

Сега, прашањето е кога сите овие измени и нови законски решенија ќе бидат изгласани со оглед на новонастанатата политичка состојба која Синдикатот не ја зема предвид , барајќи пратениците од сите опции да се надминат.

Пратениците досега требаше својата работа да ја завршат, а сметаме и дека работничките права на сите политички субјекти им се подеднакво важни. оттука, уште еднаш апелираме да се обединат кога во прашање се работниците и да го направат тоа што работниците и го заслужуваат, нагласуваат од Синдикатот.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles