Вкупно 45 возачи од Источниот реион, за неколку часа, заработија казни од полицијата за пребрзо возење. Од нив, 25 надвор од населено место и 20 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.
Во истиот периот, на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 5 возачи упарвувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 31 други видови прекршоци.