Никос Коѕијас, поранешниот министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор е вознемирен од случувањата во неколку општини во Државата, во врска со придавката Северна :
Грчката влада треба да ги пријави во ОН сите прекршувања на Спогодбата што во моментов се прават до ВМРО ДПМНЕ. Грчката влада мора да ги евидентира и изложи сите прекршувања на Договорот од страна на раководителите на ВМРО ДПМНЕ и членовите на Партијата, напиша Коѕијас во колумна за Катимерини.
Во истиот контест Коѕијас побара, Атина што е можно побргу да ги ратификува во парламентот трите меморандуми со Северна Македонија, за што опозицијата мора да сноси одговорност, додава поранешниот министер.
Една од општините каде, според Коѕијас, Преспанскиот договор бил игнориран е и Штип.