13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Четири лица повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Четири лица , од кои двајца тешко, се повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани, во близина на Крупиште.

Од Клиничката болница информираат дека двајца од повредените се задржани на болничко лекување:

Двајца пациенти се со тешки телесни повреди. Тие се прегледани од ортопед и хирург и се задржани на одделение. останатите двајца се пуштени на домашно лекување , информираат од Болницата.

Причините за соообраќајната несреќа се предмет на полициска анализа, но тамошните жители потенцираат дека на овој дел од патот, возачите неретко возат многу бргу.

Патот Штип – Кочани, особено делот пред Крупиште е една од црните сообраќајни точки во Регионот и место каде досега имало многу жртви и повредени.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles