Дрвокрадци на муштерија од селото Лакавица за кубик дрва му наплатиле 150 евра. Според купувачот Лазо Николов,дрвата биле договорени 1400,но, останатите 8000 денари продавачите му ги украле.
Николов тврди дека, тоа му биле последните пари за презимување бидејки е социјален случај,и неговите примања се 6000 денари месечно.
Случајот тој го пријавил во полиција која веднаш дошла на лице место.
СВР Штип испрати увидна екипа, разговараше со оштетеното лице и во тек расветлување на случајот,објаснија од штипската полиција.
Ограбениот Николов е убеден дека крадците нема да застанат на овој случај и од тие причини ги предупредува граѓаните на зголемена внимателност.