13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Министрите скромни како никогаш. Работата им била поважна од функцијата

Во исчекување на нова влада и неминовни кадовски промени, министрите се воздржани во однос на нивната иднина на Илинденска ББ.

Независно тие денес потврдија дека во моментов поважна им е работата од тоа дали и понатаму ќе го имаат престижниот статус:

Останувам посветен максимално да направам се за да се решат сите овие отворени прашања коишто ги имаме во делот на инфраструктурата. За мене најважно е да ги дадам со сите мои капацитети и со сите мои можности и можностите на  Министерството и сите институции коишто ги раководи Министерството за транспорт и врски да направиме се во овој нареден период да сработиме што е можно повеќе, со цел да ги завршиме овие многу значајни проекти, пред притоа да паднат температурите и да не може да се работат градежните работи низ државата, така што правиме максимални координации и на терен и заедно со сите институции со цел да ги отклонуваме сите оние прашања коишто се отворен, вели Бочварски

Сѐ додека е така продолжувам да ги остварувам задачите што првенствено ми се дадени од граѓаните и остануваме во таа насока. Доколку има предлог од мандатарот, тој сигурно носи одлуки во интерес на граѓаните, и согласно со реализираните резултати дека тоа ќе биде прифатено, рече Царовска.

– Треба да работи, да остане да работи тој којшто се пронаоѓа себеси во министерската работа без разлика за кој ресор, тој којшто покажал резултати. Евидентни се критериумите за успех во работата, и тоа го прави премиерот. Така што не се оптеретувам со тој дел. Сепак сме фокусирани во овој дел што е значајно менаџирање на ова што сега сите не оптеретува а тоа е пандемијата, рече Филипче.

Нивната функционерска неизвесност стана присутна откако Владата го преживеа обидот за гласање на недоверба, Беса ја напушти, а  во моментов за влез во неа се преговара за алтернатива. 

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles